Охрид и Ново Село избраа градоначалници од СДСМ, но за претседател ја сакале Силјановска

by fokus

Граѓаните на Охрид и на Ново Село на вчерашното гласање за нови градоначалници ги избраа кандидатите од СДСМ, но за претседател поголема поддршка и дадоа на кандидатката предложена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Па така, Во Охрид Силјановска освои 1.020 гласа повеќе од Стево Пендаровски, односно за Силјановска гласале 15.127 од граѓаните, а за Пендаровски 14.107 избирачи.

Во Ново Село, пак, за Силјановска гласале 3.208, а на контото на Пендаровски отишле 2.517 гласови.

Од друга страна, жителите на Охрид и Ново Село ги поддржале кандидатите на СДСМ, и тоа за Никола Андонов гласале 2.885 избирачи, а Николчо Стоилков 2.866.

Во Охрид победата ја однесе досегашниот вршител на должноста Константин Георгиески кој освои 16.523 гласа, наспроти противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски со 12.668 гласа.

Поврзани новости