Со огнена боја на коса Теа ја промовираше ,,Гори”

by Fokus

Младата поп пејачка Теа Трајковска ја промовираше новата песна ,,Гори”. Видеото веќе е објавено на музичкиот канал Јутјуб, а станува збор за нумера со текст на самата Теа, додека музиката е на Лазар Цветковски.

Актрактивната пејачка која во минатото беше препознатлива по русата коса со средна должина, во видеото за ,,Гори” воодушеви со промената на имиџот.
Таа се појавува со долга портокалова коса, со шишки, а бојата за која се одлучила е последен моден тренд кој го прифатија голем број на познати јавни личности.

Теа е присутна на нашата сцена неколку години. Кон крајот на 2018 година го издаде својот прв албум ,,Која сум јас?” на кој работела неколку години.

Вики Клинчарова

Поврзани новости