Со оддавање почит на борците од НОВ одбележан 9 мај

by Fokus

Свечено одбележување на 9 Мај, Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа беше организирано пред Владата. Цвеќе пред споменикот кај ззградата на Владата положија делегација на Сојуз на борците од НОАВМ, делегација на Собранието, претставник на Валдата, делегација на Армијата и Министерството за одбрана, делегација на Град Скопје, делегација на дипломатскиот кор, и претставници на политички партии.

 

Премиерот Димитар Ковачевски, во име на Владата и во свое име го честита 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

„ Се поклонуваме на борците кои ги положија животите за пораз на фашизмот, од чиишто урнатини е изнедрена македонската државност. Оддаваме почит и на сите кои придонесоа за големата европска идеја и изградбата на Европската Унија. Нашата држава секогаш преку дела е на вистинската страна на историјата. Беше на бојните полиња во Втората светска војна, меѓу прогресивните антифашистички сили. Е и денес, рамо до рамо во НАТО и со државите членки на ЕУ, во одбраната на мирот. На патот на напредокот сме – наш аманет од партизаните, нашиот македонски јазик е рамноправно признаен меѓу европските јазици и како успешен модел на мултиетничка држава, дом на сите граѓани, како што е Европа, местото на Северна Македонија е во ЕУ“, порача премиерот Ковачевски.

Владина делегација во чијшто состав се заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за образование, Јетон Шаќири, положи цвеќе и оддаде почит пред спомениците на партизанските гробишта во Бутел.

Поврзани новости