Судскиот совет побара новинарските екипи да ги исклучат камерите

by Fokus

Судскиот совет на денешната седница им дозволи на новинарите да ја следат работата, но на камерманите им беше дозволено да го снимаат само воведниот дел, а  потоа од нив беше побарано да ги исклучат камерите и да ја напуштат седницата.

Ова на новинарските екипи им го соопшти новиот претседател на Судскиот совет Сашко Георгиев, кој тврди дека одлуката за исклучување на камерите е едногласно донесена на колегиум за време на кратката пауза што ја даде.

„За  јавноста, пред сè, и за сите нас, ќе споменам само дека од краткиот колегиум што го имавме сега со колегите, а особено по однос на точката на дневен ред, каде што ќе расправаме по претставки и поплаки од страна на граѓаните и правните лица, по однос на работењето на судиите – јавноста ќе остане тука присутна, а камерите, можеме да завршиме, и да ја напуштат седницата. Тоа е едногласна одлука од страна на колегиумот што го имавме. Сè во врска со работењето, условите за работењето, а воедно и за точката на дневен ред, каде што ќе дискутираме за поплаки и претставки од граѓаните во однос на работењето на судиите. Јавноста е присутна, но камерите, ве молам, ќе мора да нè оставите да работиме“, рече Георгиев.

Поранешната ппретседателка на Судскиот совет  Весна Дамева реагираше дека таа не била повикана и дека е против исклучување.

„Извинете, претседателе, јас не знаев дека има колегиум. Јас не бев повикана на колегиум, морам да реагирам. Меѓутоа, ако тоа е ваша едногласна одлука, во ред“, рече Дамева, која реагираше дека јавноста има право да знае како

Георгиев ги праша колегите дали да се исклучат камерите, а член на Советот рече да се продолжи со работа, без произнесување. Тој повоторно кажа дека тоа не е од него како претседател туку дека само пренесува заклучоци од Судскиот Совет.

Поврзани новости