Со концерт на Дејвид Гета на Градскиот стадион во Скопје ќе се слави 35 години од независноста на Македонија

by irena 12:13
12:13

Македонската Влада најавува шоу на 8-ми септември годинава на градскиот стадион во Скопје, за прославата на 35 годишнината од независноста.

Се најавува спектакуларен концерт на мега популарниот артист – Дејвид Гета. Светски познатиот француски диџеј ќе го затвори месецот на настани посветени на 35 години независност на Република Македонија, со голем концерт на Градскиот стадион во Скопје, во организациска поддршка на „Авалон продукција“.

Влезот на градскиот стадион „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде бесплатен, а ќе постои систем за регистрација за влезници.

Серијата настани посветени на независноста ќе се одржува од 8 август до 8 септември.

Слични вести