Со измените на КЗ и времето поминато во притвор на Зеќири му остануваат уште 11 месеци затворска казна

by fokus

Со измените на Кривичниот законик со кои казната за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ – 353 став 4 се намали на „до пет“ години и со времето поминато во притвор и во куќен притвор, на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири со првостепената пресуда од две и пол години, му остануваат уште помалку една година затвор, односно 11 месеци.

Сепак тој очекува ослободителна пресуда од Апелациониот суд и најави најави жалба преку својот адвокатски тим.

Судот не го прифати барањето на Обвинителството да му биде конфискуван имот на Зеќири, но првостепено го задолжи да врати 71 милион денари во буџетот на Македонија.

Како што кажа, тој само спроведувал умисла на владата, конкретно предлози на видепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

-Во целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите, затоа што јас само сум спровел умисла на други, односно на владата кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Јас спомнав и во мојот завршен збор дека во владата кога се задолжува генералниот секратар експлицитно се наведува кога е во прашање спроведувањето на јавната набавка. Во овој случај не беше, а исто така и правните советници во владата не се спротивставија и не бев јас тој што ги гледа договорите. Има правни експерти во владата кои во ниту еден момент не ми укажаа дека не треба јас да го потпишам тоа, рече Зеќири.

Во завршниот збор тој побара судот да им стави крај на неговата агонија и страдањата, но и на членовите на моето семејство кои 593 дена живеат живот во тешка сенка надвисната над нив, како колатерална штета на ова обвинение и процес.

-На почетокот на годината ненадејно почина мојот помлад брат, кој остави три малолетни деца. Кратко потоа на мојата сопруга, како што е опширно документирано во судот, ѝ беше дијагностицирана тешка болест, нејзиното лекување трае веќе девет месеци и уште не е завршено, не знаеме колку ќе трае и како ќе заврши, рече Зеќири и кажа дека н е во можност да ги издржува четирите деца, три негови и едно од претходниот брак на сопругата кое живее со нив.

Според пресудата која денеска ја објави судијката Фанка Јанчуловска Михаиловски, осомничениот извршил две временски поврзани дејствија преку кои како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист.

Тој се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловскa, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

Поврзани новости