Со автобуси ќе се носи публиката на концертот на Цеца и Анастасија, настанот се сели на стадионот во Пробиштип!

by Fokus

Најавуваниот концерт на српската турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија, на 11-ти јуни во Пробиштип, наместо во Аква паркот, ќе се одржи на градскиот стадион, поради преголем интерес на публиката.

Достапни влезници се уште има во продажба, а има и автобуски превоз за обожавателите на пејачките од повеќе градови. Автобуси од Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Штип, Виница, Куманово и Скопје, ќе вршат организиран превоз до Пробиштип. Минатата година во август Цеца требаше да го одржи концертот во Пробиштип, по повод 10-годишниот јубилеј од постоењето на Аква паркот, но истиот беше откажан.

Причина за откажувањето беше состојбата со пандемијата, односно зголемениот број на ковид позитивни лица во земјава во тој период. Тогаш на социјалните мрежи имаше бурни реакции од јавноста, и додека едни жалеа поради неодржувањето на концертот, други му се заблагодаруваа на тогашниот министер за здравство Венко Филипче.

Но, и покрај тоа што секој настап на фолк ѕвездата најчесто е искритикуван од дел од јавноста која ја оценува нејзината музика како кич и без културна вредност, сепак интересот за Цеца секогаш е огромен и се рушат рекорди со посетеноста и продажбата на влезници.

Вики Клинчарова

Поврзани новости