Сноуден очекува Макрон да му овозможи да живее во Франција

by Фокус

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден изјави дека се надева дека Франција ќе му додели азил.

Во интервју за француското радио „Франс ентер“ тој вели дека „би сакал да види“ дека францускиот претседател Емануал Макрон ќе направи гест и ќе му овозможи да живее во Франција.

Британските медиуми пренесуваат дека делови од интервјуто на Сноуден се објавени на Твитер налогот на „Франс ентер“, но засега не е познато кога и каде интервјуто било направено.

Сноуден од 2013 година живее во Русија, кога ги објави тајните документи на американските разузнавачки агенции.

Многумина Сноуден го сметаат за херој, но не и американските власти кои сакаат да го изведат пред суд.

Поврзани новости