Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик, на 8 мај ја продлабочуваме победата со број 4

by Fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по Кичево со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места Дебреше, Житоше и Борин од општина Долнени.

„Никој не бил полегитимен претставник од нас, сега сме уште посилни со Фронтот, мора да бидеме сите и да бидеме сигурни дека заедно сме браќа.

Работите се толку напорни, но ви ветувам дека повторно ќе дојдам во секое населено место, сум бил и пак ќе дојдам. За прв пат се случува да ги имаме сите со нас, Бошњаци, Турците. Зошто ги земаме сега? Бидејќи станавме силни, за албанското прашање сме имале многу заложби, а сега овој Фронт е изграден како челик, не само за овие, туку и за следните избори. Немало полегитимни претставници отколку што сме биле ние, сега сме уште посилни со Фронтот, мора да се здружиме сите и да бидеме сигурни дека заедно сме браќа. Имаме уште многу работа и овој сојуз е направен затоа што регионот мора да има стабилност, имаме војна насекаде како во Украина и на Блискиот Исток, мораме да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ја снајде земјата ако ги ставиме Бугарите како уставна категорија, Охридскиот договор не направи ништо лошо за државата, изјави првиот човек на ДУИ Ахмети.

Поврзани новости