Македонски планинар загина на Олимп

by Фокус

Македонски планинар го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија.

Според информациите на МИА, станува збор за група од околу девет лица од земјава, кои планинареле на Олимп, при што се претпоставува дека на починатиот му се слошило или добил срцев удар пред да падне во провалија.

Сепак, обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.

Поврзани новости