Обвинителството нема да го гони адвокатот на Ејуп Алими за заканата кон Бубевски од СЈО

by Фокус

Скопското обвинителство нема кривично да го гони адвокатот на пратеникот од ДУИ Ејуп Алими – Мефаил Арслани, поради заканата кон обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, објави А1он.

Обвинителката Спасенка Тумановска ги испитала пријавувачот, сведоците и пријавениот, но, како што објави порталот, кривичната пријава била отфрлена пред една недела со образложение дека делото за кое е пријавен адвокатот Арслани не е кривично дело.

На судско рочиште во јануари за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи рече дека добила закани од адвокатот на Алими за нејзиниот колега Гаврил Бубевски, упатени со зборовите: „Ти си наша ти, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“.

Поврзани новости