Снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка

by fokus

Снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости