Дојава за бомба, Сити мол евакуиран

by Fokus

Трговскиот центар „Сити мол“ попладнево бил итно евакуиран поради дојава за бомба, дознава „Фокус“.

Според информациите било пријавено дека во трговскиот центар има поставено бомба. Екипи на единицата за антитероризам веќе се во трговскиот центар и вршат пребарување, а присутните купувачи и вработените итно биле евакуирани.

Истовремено, во трговскиот центар избил и пожар во една сендвичара.

Од МВР тврдат дека од трговскиот центар добиле дојава за бомба во 12 часот.

С.Т.

Поврзани новости