ВМРО-ДПМНЕ: Ако имате малку памет прекинете го пописот, ќе се заразат 50.000 лица

by Фокус

Во вакви епидемиолошки услови пописот треба да се стопира, бара ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија смета дека опасноста од спроведување попис е голема.

„Невакцинирани попишувачи ќе значат масовно ширње на вирусот и потенцијални 2.400 жртви само од пописот, а според проценките ќе се инфицираат околу 50.000 лица. Не успеаја да набават ниту вакцини, па барем попишувачите кои ќе одат од дом во дом да бидат вакцинирани. Доколку имате малку памет, прекинете ја постапката за попис на населението. Ќе дојде време кога ќе одговарате за сите постапки, а најтешки се загрозувањето на животите и здравјето на граѓаните на Македонија“, соопштија од партијата на Христијан Мицкоски.

Од таму додаваат дека целта на Зоран Заев е да реализира меѓупартискиот договор.

Поврзани новости