СМС пораките во „Траекторија“ биле „сечени и лепени“, тврди одбраната

by fokus

СМС пораките кои СЈО ги предложи како доказ, во случајот „Траекторија“, не се релевантен доказ и истите судот треба да ги отфрли, сметаат адвокатите на обвинетите, во кои се и екс министрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски.

Адвокатката Снежана Савиќ, повикувајќи се на експертизата на нивниот технички советник, истакна дека дел од СМС пораките немале точен датум кога биле испратени, а на дел недостасувало и времето на испраќање. Посочија и дека пораките биле дополнително менувани.

-Исто така содржината на СМС пораките била дополнително менувана, истакна Савиќ, барајќи судот да го прифати нивниот приговор.

Судот за приговорот ќе се произнесе на наредното рочиште на 5 март.

Во случајот „Траекторија“ обвинети се Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски поради тоа што во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

В. В.

Поврзани новости