Оперирани четворица од повредените во несреќата кај Ласкарци, бројката на загинати останува 14

by fokus

На скопските клиники и во Градската општа болница „8 Септември“ вчера биле извршени хируршки интервенции на вкупно четири лица повредени во автобуската несреќа кај Ласкарци, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека седум од повредените се се уште во критична состојба.

-Се надевам овие 7 пациенти ќе ја надминат оваа криза и ќе бидат наскоро пуштени на домашно лекување – изјави Филипче по посетата во ГОБ „8 Септември“ заедно со премиерот, Зоран Заев.

Тој посочи дека засега бројот на загинати останува 14.

Заев им се заблагодари на жителите Лескарци кои синоќа притрчале на помош.

-Нивната помош била од пресудно значење за дел од луѓето – рече Заев.

Поврзани новости