393
Жител од Ново Село, струмичко, пријавил дека две лица со смртни закани му ја зеле личната карта за да не можи да гласа.
На 10 декември во 16 часот во СВР Струмица, Г.К. (46), пријавил кривично дело „повреда на слобода на определување на избирачите“ од страна на лицата С.М. и П.Г. од истото село.
Според пријавата, двајцата дошле во неговиот дом и му се заканувале дека ќе му ја укинат социјалната помош и дека ќе го убијат доколку не им ја даде личната карта. Истиот се исплашил и им ја дал личната карта.
За настанот е запознаено Основното јавно обвинителство, Струмица. СВР Струмица презема мерки за целосно расчистување на случајот.