Кривични пријави за поткуп на гласачи во Кочани

by fokus 13:39
13:39

Полицијата во  Кочани поднесе кривична пријава против С.М. (28) и З.Б. (50), двајцата од село Тркање, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“.

Како што соопшти МВР, двајцата на почетокот на декември 2016 година, во повеќе наврати, се обиделе да поткуп на гласачите М.М. и М.М. на кои им нуделе по 1.000 денари за да гласаат за една политичка партија или да им ги дадат личните карти и да не излезат на гласање.

- Advertisements -

Полицијата соопшти дека С.М. и З.Б. биле приведени и при извршен претрес кај нив и во нивните возила, пронајдени се повеќе списоци на лица со име и презиме и пари.

Поврзани новости