Словенија со лек против ковид за невакцинирани

by Fokus

Наскоро во Словенија ќе пристигне препарат кој ќе им се даде на оние кои не се вакцинирани против Ковид-19 по препорака на лекар и во согласност на пациентот, веднаш откако ќе ги развијат првите симптоми на болест која се смета за потешка.

Според словенечките медиуми, станува збор за лекот Лагеврио, познат и како молнупиравир, кој е нарачан и веќе е на пат за Словенија. Комисијата за медицинска етика, која е орган на Министерството за здравство, заклучи дека нема етички бариери за препишување и употреба на лекот, откако тој беше препорачан од Европската агенција за лекови (ЕМА), иако се уште не е официјално регистриран.

„Овој лек постигнува значителен напредок во борбата против епидемијата и очекуваме дека ќе доведе до помалку смртни случаи од ковид“, изјави Божидар Вољц, претседател на комитетот за медицинска етика, за Словенечкото радио во вторникот.

Лекот, откако ќе го препише лекарот на пациентот, се зема веднаш по појавата на првите симптоми, во првите пет дена, додека на пациентот сè уште не му е потребна кислородна поддршка.

„Земете 800 милиграми, два пати на ден. Се проценува дека неговата употреба во 50 до 60 отсто од случаите спречува хоспитализација на заразените, но нема да им се препорачува на трудниците, рече Вољч.

Пред еден месец, министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе се набави лекот „Молнупиравир“, единствен лек против ковид.

Овој лек е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто.

„Фокус“ објави кои се лекови кои досега се користат во Македонија против опасниот вирус.

 

Поврзани новости