Следната недела ќе стигнат вторите дози од „Спутник В“

by fokus

Кон почетокот на следната недела ќе стигнат вторите 3.000 дози од „Спутник В“ кои ќе се користат како втора доза за здрасвтвените работници кои ја примија првата доза, најави премиерот, Зоран Заев.

Заев очекува кон крајот на месецот или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава. Првите дози преку Ковакс механизмот Заев ги очекува кон крајот на месецов, а за кинеските вакцини чека информација да донесе кинескиот министер за одбрана кој ќе дојдел на 30-ти месецов.

– Она што го знаеме по сите информации е дека на крајот на март ги очекуваме првите количини од Ковакс системот. На 30-ти доаѓа министерот за одбрана на Кина и веруваме дека ќе донесе попрецизна информација кога ќе стигнат и кинеските вакцини. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од „Спутник“ кои се користат за здравствените работници, изјави Заев по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

Поврзани новости