Славески: Граѓаните ги враќаат парите и затоа мораат да знаат на што ќе се трошат

by fokus

За последното задолжување преку еврообврзницата од половина милијарда евра, поранешниот министер Трајко Славески, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, вели дека не требало да биде толку таинствено, бидејќи на крајот парите треба да ги враќаат граѓаните и заслужуваат да знаат на што ќе се трошат парите.

„Се поминува во една релативно мирна атмосвера. За разлика од претходните години при издавањето на последните две еврообврзници и задолжувања кога имаше една хистерија, подгреана од тогашната опозиција, опозициските медиуми, невладини организации итн. Која отиде до таму да се пишуваат писма до инвеститорите за да се оцрни Република Македонија и владата да никој не инвестира во Македонија и тоа веќе го немаме и тоа е веќе еден можен добар сигнал дека општеството се смирува“, вели Славески.

 

Поврзани новости