ВИДЕО: Четворица вооружени вечерва пукале во гости во хотел во Кабул, бројот на жртви засега непознат

by fokus

Најмалку четворица напаѓачи вечерва упаднаа во хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул и отвориле оган врз гостите, соопштија авганистанските власти.

– Специјалните единици на Авганистан се обидуваат да ги совладаат напаѓачите, изјави портпаролот на министерот за внатрешни работи Најиб Даниш.

Се уште нема информации за повредени и загинати лица.

Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи.

https://www.youtube.com/watch?v=yQtmtcVrLa4

Поврзани новости