Тврдокорните и МОС денеска на протести: Законот за двојазичноста преставува продолжение на проектот на Адолф Хитлер за создавање на голема албанска држава

by Fokus

Тврдокорните денеска пред Собранието во 13 часот повикуваат на масовен протест против двојазичноста. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Законот за двојазичноста ќе има долготрајни и несогледливи последици врз нашата татковина. Двојазичноста е губење на македонскиот карактер на држават, рушење на асномските темели и де факто губење и на самата држава! Со двојазичноста де факто стануваме трета албанска држава на Балканот. Македонија по секоја цена треба и мора да остане дом на Македонскиот народ. Двојазичноста треба, мора и ќе ја спречиме по секоја цена. Нема да дозволиме да се изгуби македонскиот карактер на државата.

Сакаме да потенцираме дека законот за двојазичност е директна акција на албанскиот фашизам и иредентизам врз Македонија и Македонскиот народ како и рушење на темелите на асномска Македонија. Законот за двојазичноста претставува губење на придобивките од антишистичката борба за време на Втората светска војна. Исто така, тој закон претставува продолжение на окупацијата од Втората светска војна, како и продолжение на проектот на Адолф Хитлер за создавање на голема албанска држава. Токму и затоа, политиките и постапките на нашата влада единствено може да бидат сфатени како израз на албанската фашистичка идеологија на владата на Зоран Заев. Ние сме пред се анти-фашистичка организација која се бори против против албанскиот фашизам во Македонија, како и против фашизамот кој нашите соседи го искажуваат врз нас. Токму затоа, како анти-фашистичка организација ние се чувствуваме директно повикани да се бориме против албанската фашистичката идеологија и политика на владата на Зоран Заев.

За крај, сакаме да спомнеме дека протестот ќе биде мирен и непартиски, а организаторите се оградуваат од можни недоличности, насилства и прекршуваење на јавниот ред и мир. Во случај на инцидент ние не превземаме никаква одговорност, а секој е лично одговорен за своите постапки.

Поврзани новости