Слаба излезеност на референдумот во Босилово до 13 часот

by fokus

До 13 часот на референдумот за рудникот за злато и Бакар Иловица во село Босилово излегле 7,78 проценти од гласачите.

Во 7 часот утрово навремено биле отворени гласачките кутии во 19 гласачки места во Општина Босилово. Граѓаните на референдумот имаат можност да се изјаснат за две прашања: дали се „за“ или „против“ работата на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се „за“ или „против“ отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На единствениот гласачки список запишани се 12.301 полнолетно лице, а за референдумот, за биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто + 1.

Поврзани новости