Скопската полиција казни 140 возачи, дел од нив биле без возачка

by Fokus

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека 15 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, а 13 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

– Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), се наведува во соопштението од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани новости