Скопската магла откажа два лета, најавено доцнење и за други редовни авионски линии

by Fokus

Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15 часот се откажани ноќниот и утринскиот лет од Белград на „Еир Сербиа“ и летот до Фридрихсхафен на „Визеир“.

Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Туркиш еирлајнс“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).

Двата лета на авиокомпанијата „Визеир“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.

Летот од Љубљана на „Визеир“, пак, бил пренасочен кон Софија.

Поврзани новости