Скопска Апелација ја прифати жалбата на СЈО за гаранцијата на Кочан

by Fokus 20:10
20:10

Скопска Апелација ја прифати жалбата на СЈО за гаранцијата на бизнисменот Сеад Кочан во висина од околу 900. илјади евра.

Скопскиот Апелациски суд го врати предметот на повторно одлучување во Кривичниот суд, со што ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство за одлуката наместо притвор бизнисменот Сеад Кочан да даде парична гаранција. Судот ја одржал седницата завчера.

- Advertisements -

– Постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, изјавена против решението на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје, во делот кој се однесува на мерката за обезбедување присуство на обвинетиот – определената гаранција, одлучи, истата да ја уважи и првостепеното решение, со кое е прифатена гаранцијата поднесена од одбраната на осомничениот С.К. од С., го укина и предметот во овој дел го врати на повторно постапување и одлучување на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје.

Судот, во конкретниот случај оцени дека во прилог кон понудената гаранција не биле доставени сите потребни докази релевантни за законито одлучување по предлогот од кој би се утврдила основаноста на понудената гаранција – стои во соопштението на судот.

Кочан е првосомничен во случајот „Труст“ за фалсификување тендерска документација за тендер од Елем во вредност од 17 милиони евра. Осомничениот два месеци беше во бегство откако Кривичниот совет на Кривичниот суд му одреди притвор.

Поврзани новости