ДЗС: Бесправно изградени 1.037 објекти минатата година

by Fokus

Државниот завод за статистика денеска објави дека во текот на минатата година се регистрирани 1.037 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 203 објекти за домување, 174 доградби, надградби и адаптации, 111 деловни објекти, 107 гаражи, 168 огради, 8 скалила, 26 тераси, 10 летни тераси, 87 настрешници, 36 времени објекти и 107 помошни објекти.

Најголем број бесправно изградени објекти, односно 97,6 проценти се во приватна сопственост.

Поврзани новости