Тунтев ќе биде координатор на пратеничката група на СДСМ

by Fokus

Пратеникот на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев ќе биде новиот  координатор на пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ.

Тунтев за „Фокус“ ја потврди информацијата и додава дека за одлуката во петок  официјално ќе биде известен претседателот на Собранието.

– Да се биде предложен и избран за координатор на пратеничка група во Собранието на Република Македонија претставува огромна чест. Но, колку што се големи честа и задоволството, уште поголеми се одговорноста и обврските. Само со заедничка соработка со сите пратеници и пратенички групи, со меѓусебна почит и разбирање, со професионално и совесно однесување и со посветено реализирање на работните задачи, можат да бидат постигнати зацртаните цели, што се во интерес на сите граѓани на Република Македонија – истакна Тунтев за „Фокус“.

И.М.

Поврзани новости