Скопје се збогува со Владо Јаневски: Стотици граѓани и колеги му оддаваат последна почит

by irena 22:10
22:10

Платото пред Спортскиот центар Спортски центар „Борис Трајковски“ вечерва е исполнето со тага, спомени и почит. Стотици граѓани, обожаватели и колеги од естрадата се собраа на граѓански собир за да му оддадат последна почит на македонскиот музичар Владо Јаневски.

Собирот започна во 20 часот пред салата во која Јаневски го одржа својот последен голем концерт. Во тивка и достоинствена атмосфера, присутните палат свеќи, оставаат цвеќе и се потсетуваат на неговото повеќедецениско творештво, додека низ толпата одекнуваат неговите најпознати песни.

Покрај бројните почитувачи од сите генерации, на собирот присуствуваат и негови колеги, соработници и пријатели, кои во емотивни обраќања истакнуваат дека заминувањето на Јаневски остава голема празнина на македонската музичка сцена.

Организаторите на собирот, кој беше инициран преку социјалните мрежи, апелираа до сите присутни да ја зачуваат достоинствената атмосфера во текот на вечерта.

Слични вести