ДУИ: Влен ветуваа 31,5 отсто застапеност, а донесоа институционално исклучување на Албанците

by irena 22:57
22:57

Демократска унија за интеграција денеска обвини дека Влен не ги исполнила ветувањата за унапредување на правичната и соодветната застапеност на Албанците во институциите.

Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека Влен пред изборите ветувала застапеност од најмалку 31,5 отсто, но наместо тоа, според него, дошло до назадување. Тој тврди дека уште на почетокот на мандатот, со промена на методологијата за евиденција на вработените во јавниот сектор, процентот на Албанци статистички бил намален од 29,5 на 24,3 отсто.

Адеми оцени дека укинувањето на механизмот „балансер“ од страна на Уставен суд било дел од однапред најавен план, а последиците, според него, веќе се гледаат преку конкурси за вработување без ниту еден Албанец.

Од ДУИ ги повикаа функционерите на Влен да ги објават доказите за најавените 2.500 вработувања и унапредувања, тврдејќи дека официјалните податоци не ги потврдуваат тие бројки.

Партијата посочи и на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека вработувањата ќе се темелат на компетенции, оценувајќи дека со тоа се напушта концептот на правична и соодветна етничка застапеност.

Слични вести