Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги потврди кадровските решенија за владината реконструкција, предложени од партискиот лидер и премиер Христијан Мицкоски.
За нов министер за здравство е предложен Сашо Клековски, додека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе го раководи Ѓоко Велковски.
На чело на Фонд за здравствено осигурување ќе застане Златко Перински, кој доаѓа на местото на Клековски, а Перински ќе биде заменет во Министерството за локална самоуправа од Иван Стоилковиќ.
За министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите е предложен Ерџан Демир.
Согласно коалицискиот договор, нови министри ќе добијат и ресорите Правда, Култура и туризам и Односи меѓу заедниците, со кадри предложени од Вреди, додека кандидатот за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го предложи Движење ЗНАМ.
Со реконструкцијата се укинува и функцијата министер задолжен за добро владеење.