Алпинистот од Велес, Бобо Димовски го спасил српскиот турист кој се повреди во кањонот Демир Капија

by irena 17:46
17:46

Во саботата околу пладне српски алпинист паднал при искачувањето на карпите над реката Вардар кај Демир Капија. За искачувањето на српскиот турист раскажуваат други српски туристи кои во саботата биле на кањонот на Вардар кај Демир Капија.

„Пријде група за искачување, исто од Србија, бараа полесна рута. Им ги предложив патеките Полжав и Тулумба и ги оставив, јас и сопругата се искачувавме по друга. Тие се одлучија за Полжав, да се искачуваат во две групи по три лица. После еден час слушнавме барање за помош. Се упативме кон нив, стигна и член на АК Велес ин, алпинистот Бобо кој храбро се искачи до Цобе (повредениот) и го симна. Тука беа припадниците на единицата „Волци“ кои започнаа постапка за пренесување преку Вардар. Поввредниот имаше најмалку две тешки повреди, отворени скрешници на нога“ – раскажа гостин од Србија.

Од карпите каде висел на 20 метри височина, го спасувал алпинистот Слободан Димовски, кој бил исто така на искачување. Откако Димовски го симнал од карпите, единицата „Волци“ на АРМ го префрлила тешко повредениот Србин преку Вардар.

Според пријавеното, С.Ж. кој бил главен инструктор во планинарско спортско друштво „Стена“ од Белград, додека се искачувал заедно со други шест алпинисти од Р.Србија, по веќе поставената алпинистичка насока, при што истакнал дека стените се кршливи и се лизгави, во еден момент при искачувањето паднал од карпата, односно му се откорнало парче. При паѓањето, А.Т. кој го обезбедувал јажето, успеал да го задржи на висина од околу 15 метри од земјата. Од страна на специјалната единица при АРМ „Волци“, кои биле во близина на настанот и изведувале вежба за алпинизам, му била укажана првична помош и го извлекле лицето на безбедно и пристапно место од каде истото е преземено од Итна медицинска помош Неготино. При падот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, информираат од МВР.

Со возило на Итна медицинска помош од Неготино, повредениот е пренесен во во Општа болница Велес, а оттаму, поради карактерот на повредите е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Кањонот Демир Капија е најголемиот и најпознат локалитет за спортско качување и алпинизам во Македонија, со околу 400 уредени насоки.

Слични вести