Skopje Pride Weekend 2016 во Скопје по четврти пат

by fokus

Skopje Pride Weekend 2016 се одржува по четврти пат во Скопје, а годинава во организација на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ЛГБТИ-Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет. Партнери на овогодишниот Викенд се Младинскиот образовен форум – МОФ и Кино Култура (Локомотива). Поддржано од Амбасадата на САД и Амбасадата на Франција.

-Настраната политичка ориентација и критика ги преиспитува сите наши желби и аспирации за конформизам и нормалност, вклучително и основните претпоставки, вредности и репрезентации на љубовта, интимноста, системите на сродство, капиталистичката компетитивност и егоизам, фетишизацијата на стоката, па се до современите дискурзивни перформанси на државата-нацијата, велат организаторите.

Во рамки на овогодинешниот Викенд на гордоста во четврток ќе одржи  Дебата АРГУМEНЕТИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ, во соработка со МОФ како организатори и развивачи на концептот за АРГУМЕНТ, петок е резервиран за Перформанс на Борјана Роса (Бугарија/САД) – ВО ФОКУС: ВНАТРЕШНОСТА, во сабота  од  21:00 – 22:00 се одржува Перформанс / Предавање на Vaginal Davis (САД) – Sassafras, Cypress & Indigo—Black Screen Images and the (e)motive Notion of Freakiness . Истата вечер е предавање на Ана Мишковска Кајевска- “14 години подоцна: Историскиот развој на ЛГБТ активизмот во Македонија“ – , а во недела  Целовечерна забава со The John и Новиот почеток, DJ сетови: Виолета Качакова, Хада Блам, Соња Исмаил.

Поврзани новости