Со бакли испишана единица за крај на одбројувањето

by fokus

Вечерва во 21 часот пред Специјалното јавно обвинителство се собраа поддржувачите на Шарената револуција за последното одбројување до крајниот рок за исполнување на нивните барања.

Тие со бакли во рацете формираа единица долж булеварот Свети Климент Охридски. Додека гореа баклите, демонстрантите извикуваа „Шутка не ти бега, Никола“.

И вечерва имаше инфилтрирани луѓе кои тајно снимаа, но повторно беа откриени од демонстрантите и заминаа.

Поврзани новости