Скопјани тешко повредени откако паднале од мотор

by fokus

Вчера попладне, двајца скопјани се здобиле со тешки телесни повреди откако доживеале сообраќајна незгода со својот мотор.

„На 16.10.2019 во 13.00 часот во с.Визбегово, скопско, Б.Р.(63) од Скопје, управувајќи мопед „џонвеј“, со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатник – малолетник и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости