Богоевски: Можно е Владата да го изгуби мнозинството во Парламентот

by fokus

Однесување на Европа е разочарувачко и под стандардите, смета поранешниот пратеник, Павле Богоевски, коментирајќи ја во вчерашната дебата на ТВ24 последната изјава на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој рече дека Северна Македонија и Албанија се уште не се подготвени да добијат датум за преговори.

Според Богоевски, без датум ќе падне и еланот во државата, а предупредува дека ваквата одлука би имала негативни последици по државата.

-Недоделувањето на датум ќе има внатрешни и надворешни политички последици. Внатрешнополитичките ќе доведат до дестабилизација на позицијата на сегашната Влада и можно е Владата да го изгуби мнозинството заради неисполнето ветување од ЕУ. На надворешен план тоа се најмалите последици – рече тој.

Во случај на најлошо сценарио, додаде тој, тоа би довело до уште поголемо одалечување од ЕУ и уназадување на реформите.

-Во тој случај, би ни останале само Кина, Турција и Русија како избор, зошто сами ќе се доведеме во ситуација да ни ги затворат вратите на ЕУ – посочува Богоевски.

Поврзани новости