Меркел: Шансите за постигнување согласност со Франција не се добри

by fokus

Шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот за давање датум за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија не се добри, призна германската канцеларка, Ангела Меркел, во владината изјава дадена денеска во Бундестагот пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел.

Taa повторно се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и на Албанија.

-Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ. Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ. Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива – рече германската канцеларка пренесе „Дојче веле“.

Канцеларката вчера на средбата со францускиот претседател во Тулуз сигнализираше поддршка за желбата на Емануел Макрон за реформа на процесот на проширување на ЕУ, но континуирано најавува дека работи на убедување на Франција да попушти во поглед на давањето датум за почеток на преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

Поврзани новости