Европски фронт: Ниту една владејачка гарнитура, нема да се формира без пратениците на „Европскиот фронт“

by Fokus

Европскиот Фронт денес одржа прес- конференција каде кандидатот за пратеник Наим Бајрами ги елаборираше постигнатите резултати на земјава низ овие години.

„Ниту една политичка гарнитура, владејачка гарнитура, нема да се формира без пратениците на „Европскиот фронт“, вели Бајрами од Алијанса за Албанците, кој е и актуелен министер за информатичко општество и администрација во техничката влада.

„Сакајќи да го направиме сонот за членство во ЕУ поконкретен и поопиплив, како и придобивките што тој ги носи за граѓаните и општеството, побаравме од Европската Унија да ни обезбеди механизам преку кој граѓаните ќе можат да почувствуваат некои од конкретните придобивки од членството во ЕУ, пред да станеме земја членка на Унијата, истакна на прес- конференцијата, Бајрами.

Тој рече дека овие избори се референдум за европската иднина на земјата.

„Поддршката што ја имаме од нашите европски партнери е поголема од кога било и ова е момент и можност што мора да ја искористиме. Немаме друга алтернатива освен членство во Европската Унија, затоа сакаме безбедност, економски развој, благосостојба и јасна перспектива за нашите граѓани, а сето тоа е загарантирано само со членството во ЕУ кое нуди нови можности и повеќе фондови.

Не се осмелуваме да застанеме, а помалку да се вратиме назад!
Знаеме како да ја подготвиме земјата за Европската Унија, велејќи ѝ Не на Русија и на политичките сили кои го претставуваат менталитетот на регресија и изолација во нашата земја“ порача Бајрами.

Поврзани новости