Скопјанец фатен кај Неготино со десет мигранти во возилото

by Fokus

Во близина на Неготино бил фатен скопјанец кој превезувал десет мигранти во своето возило. Настанот се случил околу полноќ, на 23 октомври, кога полициски екипи го запреле товарното моторно возило од марката ,,Пежо Боксер’’ со радовишки регистарски ознаки, управувано од скопјанецот А.А. (25), на регионалниот пат Гевгелија – Неготино.

По извршениот преглед внатре во возилото, полицијата открила десет мигранти од Сирија и Пакистан. Од страна на униформирани полициски службеници од ПС ОН Неготино возачот бил лишен од слобода, и за стореното дело против него ќе биде поднесена Кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Поврзани новости