Марин го испрати Коневски и го презеде кормилото со Аеродром

by fokus

И официјално Златко Марин стана градоначалник на Аеродром по победата која ја извојува на локалните избори. По два мандати, досегашниот градоначалник, Ивица Коневски, си заминува од оваа Општина бидејќи не ја доби по трет пат довербата од граѓаните.

Во просториите на Општина Аеродром денеска на Златко Марин му беше врачи решението за доделување мандат за градоначалник на општината.

Претходно, Марин одржа кратка средба со досегашниот градоначалник, Ивица Коневски, при што и официјално беше предадена градоначалничката функција.

Исто така, на денешното свечено примопредавање беа доделени и решенијата на 27-те членови на новиот Совет на Општина Аеродром и тоа од коалицијата предводена од СДСМ: Тони Грнчаров, Гоце Јовчев, Ивана Цветковска, Дејанчо Тенев, Силвана Трбогазова, Рената Јајоска, Дарко Аврамовски, Ивана Здравеска, Аида Хоџиќ, Томче Ѓуровски, Билјана Спасовска, Даниел Кралјевски, Крсте Врбоски, Љупчо Недески и Маја Миловановиќ – Михајлов, како и од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ: Виктор Камилоски, Климен Стоилов, Јасминка Дамческа, Златко Перински, Пане Антовски, Мелина Голубовска, Петар Миовски, Ивица Тасиќ, Весна Маркоска, Стела Димковска, Љубомир Андревски и Оливер Миланов.

Поврзани новости