Освен во РЕК Битола, обвинители на Специјалното јавно обвинителство влегоа и во државната компанија ЕЛЕМ, јавува АЛСАТ-М повикувајќи се на извори од компанијата.
Од СЈО не откриваат никакви детали, а сега потврдија само дека се водат предистражни постапки за работата на РЕК Битола.
СЈО веќе подолго време ја чешла тендерската документација на комбинатот, а како што дознава „Фокус” станува збор за тендерите со ископ на јаловина и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“.
Тогашниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски денска во изјава за 24 Вести ги отфрли обвинувањата за незаконско работење и вели дека нема криминал во тендерите на комбинатот.
Во една од опозициските бомби пак, беше емитуван разговор наводно воден меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешиот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски, а каде стануваше збор за местење тендери за РЕК Битола, односно бизнис зделка тешка 20 милиони евра и за ископ на јаловина и јаглен од свлечиштето во рудникот Суводол – РЕК Битола.