Над 500 мртви во ураганот на Хаити

by fokus

Повеќе од 500 лица загинаа во ураганот „Метју” кој направи пустош на Хаити, а бројот на жртви и натаму е во пораст.

Повеќето жртви настрадале од паднати дрвја и остатоци од урнатини кои биле носени од силниот ветер кој имал брзина од 230 километри на час.

Владата на Хаити соопшти дека најмалку на 350 илјади лица имаат потреба од помош, кои во моментов се сместуваат во привремени засолништа.

Претседателот Барак Обама објави вонредна состојба за Флорида, Џорџија и Јужна Каролина, а екипи на Обединетите нации веќе пристигнаа во областите зафaтени од невремето.

Ураганот Метју е најсилната бура која му се заканува на атлантскиот брег по повеќе од една декада.

Поврзани новости