СЈО: Судија на претходна постапка ни даде налог за претрес

by Фокус

Специјалното Јавно обвинителство постапувајќи по наредба на Судија на претходна постапка, во текот на вчерашниот ден пристапило кон одземање на предмети – документација од Централниот регистар на Република Македонија, информираа преку соопштение од СЈО.

– Наредбата е издадена по барање на ова Јавно обвинителство, откако Централниот регистар во рок од 30 дена не постапи по нашето барање и единствено не извести дека барањето било нејасно, иако во неколку наврати имаше телефонска комуникација со јавни обвинители и истражители во насока на појаснување што се е предмет на нашето барање. Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден (вечерта) воспоставена е соработка со Централниот регистар и доставен е дел од бараната документација – се наведува во соопштението од СЈО.

Според нив, бидејќи се работи за голем обем на документација во деновите што следат планирано е да биде одземена целокупната документација која е наведена во наредбата за одземање на предмети.

Поврзани новости