Николовски: Делев потпишувал штетни договори во корист на приватни компании

by Фокус

По доказите за потпишаниот анекс договор од страна на заменик-министерот за економија Христијан Делев со којшто незаконски и без овластување го ослободува од плаќање на закуп „Лозарство“ Таринци за 334 хектари, денеска заменикот-министерот за земјоделство Љупчо Николовски објави дека Делев потпишал ист ваков договор и за 3220 хектари дадени под закуп на Вардар Градско.

„Делев е должен да одговори врз основа на кој закон ослободувал фирми од плаќање на закупнина? Дали имал овластување да потпишува договори во име на министерството? Во колку вакви случаи е вплеткан Христијан Делев и како доаѓа до договорите кои ги прикажува во јавност кога тој веќе не работи во МЗШВ?Земјоделците чиишто пари и чијашто земја се злоупотребени, очекуваат одговори“, истакна Николовски.

Поврзани новости