Сите уредби кои ги донесе Владата остануваат на сила и во следните 30 дена

by fokus

Сите уредби со законска сила што ги донесе техничката влада остануваат на сила и во наредните 30 дена, откако претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за продолжување на вонредната состојба.

-По одлуката на претседателот на Северна Македонија да прогласи вонредна состојба на целата територија на државата на истиот ден кога измина периодот на претходно прогласената вонредна состојба, сите уредби со законска сила донесени од 18 март досега остануваат во сила и во периодот што го опфаќа новата одлука“, информираше Владата.

Во таа насока, велат од Владата, остануваат во сила сите уредби што го регулираат ограниченото движење на граѓаните, патниот и железничкиот сообраќај, што се однесуваат на нововоспоставениот режим на граничните премини и на меѓународните аеродроми во државата. Остануваат важечки и уредбите што ги регулираат мерките за претпазливост за заштита од ширење на коронавирусот на јавните простори, во јавните институциите, во комерцијалните трговски објекти и во објектите на економските оператори во кои технолошките процеси не се прекинати.

Истото се однесува и на уредбите што ја утврдуваат работата во системите на здравствена заштита, за внатрешни работи и во Армијата на Северна Македонија, како сите други уредби што се донесени, а кои се однесуваат на сите мерки за справување со последиците од корона вирусот.

 

Поврзани новости