Сириската армија соборила неколку израелски ракети насочени кон Дамаск

by Fokus

Сириската армија денеска соопшти дека соборила неколку израелски ракети лансирани од Голанската висорамнина, а цел биле јужен Дамаск, објави државната новинска агенција САНА, цитирајќи воен извор.

Претходно, во текот на ноќта, медиумите објавија за експлозија во околината на Дамаск, пренесува Ројтерс.

Израел не потврди дека извршил напад врз Дамаск.

Ројтерс наведува дека од почетокот на нападот на палестинската милитантна група Хамас на југот на земјата на 7 октомври, Израел ги зголемил нападите врз позициите на милициите во Сирија поддржани од Иран, како и врз позициите на сириската воздушна одбрана.

Поврзани новости