Гордана Силјановска – Давкова на вчерашната средба со младите во „Форца“ истакна дека во овој втор дел од кампањата ќе сака да го слушне мислењето на оние кои планираат да бојкотираат. Таа уште еднаш повтори дека не е царица, ниту магионичар за да може да го поништи Договорот од Преспа.
-Ќе се обидам во вториот дел на кампањата низ вакви средби било да се тоа овде или во „Јавна соба“ или на „Школка“, и со оние кои што сакаат да бојкотираат, и со оние кои имаат аргументи против тоа и за оние кои мислат дека вреди да се победи на овие избори, ама и сите ние кои го респектираме другиот да поттикнеме некоја, да разбудиме некоја енергија во Македонија. А, јас не сум кралица, ниту царица за да поништувам некој договор. Јас само ќе се повикувам на почитување на меѓународното право. Договорот е реалност и јас ќе го почитувам, рече Силјановска.