Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник во првиот круг, еве видовме кој е прегазен на овие избори

by fokus

И покрај тоа што Гордана Силјановска Давкова во првиот круг од претседателските избори освои околу четири илјади гласови помалку од Стево Пендаровски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека Силјановска и неговата партија се апсолутен победник во првиот круг.

-ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова е апсолутен победник и има освоено 42,5 проценти од гласачите кои излегоа да гласаат и тоа е завршено. Во 47 општини Силјановска е победник. Силјановска апсолутно го порази Пендаровски. Еве видовме кој е прегазен на овие избори. За мене ова е историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24.

Поврзани новости