Кирацовски води по бројот на сомнителни вработувања на роднини

by fokus

Според денеска објавените резултати од Државната комисија за спречување на корупција, по сомнителни вработувања на свои роднини води пратеникот и секретар на СДСМ Александар Кирацовски. И вработувањето на неговиот дедо Борче Поповски во ЕЛЕМ Новаци, и сестрата Мирјана Јосифовска во централен регистар и мајката на сопруга на Кирацовски Мери Поповска за ДКСК се со индиции за непотизам.

По едно сомнително вработување има и кај пратеникот и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и пратеничката Мира Стојчевска. При вработувањето во ЕЛЕМ на братот на Стојчевска и унапредувањето на нејзиниот сопругот, антикорупционерите не утврдиле неправилности. Но за нејзиниот син во ЕЛЕМ е креирано ново работно место.

Поврзани новости